Откриени нови детали и документи за падот на владиниот кингер

Истражителите на несреќата која се случи кај Мостар во која животот трагично го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски, откриваат нови детали кои фрлаат поинакво светло на трагедијата.

Како што пренесува Канал 5, на местото каде се случи кобниот настан биле седуммина македонски експерти кои се дел од новата комисија за истражување на падот на кингерот. Експертите ги проверувале параметрите на летот и калибражата на авионските инструменти. Оваа недела предвидено е 15-члената комисија предводено од Омер Кулиќ да се собере во Мостар и да ги аналиира добиените информации. На лице место македонските членови на комисијата разговарале и со жители на Ротимље за кобниот ден.

Според информациите на Канал 5 досега дваесетина жители на селото ја раскажале својата верзија на настанот која во сите искази е многу слична, дека во февруари 2004 по падот на кингерот во близина на Ротимље дошле француски војници на СФОР кои го блокирале теренот и не дозволувале пристап до местото на падот. Дури 24 часа по несреќата е откриено местото каде кингерот се забил во земјата. Главниот истражител Омер Кулиќ стапил во контакт и со тогашни припадници на СФОР, за добивање повеќе информации.

Не се знае кога ќе биде презентиран извештајот за падот на владиниот кингер.

19.11.2013 - 10:16
Фото: 
новини.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега