Анкета: Вестите и Интернетот главен извор на информации кај студентите

Според податоците од најновата анкета спроведена од студентите по новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се покажува дека студентите најмногу се информираат преку вестите на телевизија и Интернетот.

Така, студентите одлучуваат вестите на телевизија и Интернетот да бидат нивен главен извор за информации, а според добиените податоци, тие повеќе им веруваат на новинарите во електронските медиуми затоа што имаат можност за исправка во следните информативни вести за она што е кажано во текот на денот. На телевизија најмногу следат забава, свет, спорт и култура, но редовно следат и вести. Сметаат дека медиумите имаат големо влијание врз формирање на нивните ставови и мислења во однос на општествените случувања.

Според најголем дел од студентите кои биле опфатени во анкетата, дневните весници немаат доволно едукативни содржини во нив и политиката е презастапена. Најмногу ги читаат рубриките за култура и политика, занимливости и забава, а најмалку содржините за наука и технологија, економија и црна хроника. 

Со анкетата се опфатени студенти на возраст од 19 до 22 години од кои 57 проценти од женски и 43 проценти од машки пол.  Целта на истражувањето на тема „Младите и медиумите” е да се увиди состојбата кај младите/студентите во однос на популарноста на дневните весници наспроти информативните вести на ТВ и Интернетот, нивната доверба во новинарите, влијанието на медиумите врз формирањето на нивните мислења и ставови. 

19.11.2013 - 11:16
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега