Одбраната бара ново судење за поранешниот полицаец Трифуновски

По три одложувања, денеска во апелацискиот суд во Гостивар се одржа јавната седница за случајот со полицаецот Трифуновски. Како што пренесе Нова Македонија, според адвокатот Митко Солаков, постои голема контрадикторност во пресудата и затоа бара предметот да се врати на повторно судење.

- Трифуновски од една страна е осуден за убиство со умисла, а од друга страна, во второто дело за кое е прогласен виновен, за предизвикување општа опасност поради небрежност - вели адвокатот на поранешниот полицаец.

За потсетување, бившиот полицаец, додека не бил на должност, со службениот пиштол застрела двајца гостиварци. Во одбраната тој тврдеше дека пукал за да ја заштити својата ќерка и да си го спаси животот.       

19.11.2013 - 11:24
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега