„Добивав смртни закани“: По смртта на Кика, Бака Прасе се отсели од Србија

 

Богдан Илиќ, на јавноста познат и како Бака Прасе, на својот Јутјуб канал изјави дека се преселил од Србија.

Како причина за своето иселување ги наведува заканите по живот кој ги добивал на секојдневна база.

„Ја напуштив Србија, многу веројатно трајно. Добивав закани, од тоа дека ќе ме претепаат до тоа дека ќе ме убијат. Едноставно не можев да го поднесам тој притисок. Се преселив во Амстердам. Во моментов сум во станот на мајка ми и татко ми. Го продадов „ферарито“ и купив стан во Амстердам Додека мојот стан тука се уредува, живеам кај мајка ми и татко ми“, изјавил познатиот балкански јутјубер.

По фаталната смрт на 21-годишната јутјуберка Кристина Гукиќ, голем дел од јавноста го критикуваше Богдан, кој пред неколку години снимил видеа во кои имаше кажано навреди посветени кон неа. Во нивната дискусија имаше повеќе различни навреди.

Вучиќ се повлекува од раководната позиција на владејачката партија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во мајк ќе си замине од функцијата претседател на Српската напредна партија, која е владејачка во земјата.

02.01.2022 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега