Фатен крадец кој претепал старец и крадел што му дојде при рака во Штип

45-годишниот С.Г. од Штип си заработи кривична за извршени две кражби. Пред неколку денови околу 01 часот пријавениот заедно со уште едно лице дошол во куќата на 83-годишниот Д.Ч. и заканувајќи му се му одзел 4.000 денари, ловна пушка и муниција.

Потоа, разбојникот заедно со уште едно лице извршил две тешки кражби во куќи при што одзел 3.800 евра, 4.500 денари и златен накит. 

За делото кое го направил, си заработи мерка притвор во рок од 30 дена.

19.11.2013 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега