Или ова или омикрон: Водителка наместо маска на лицето ставила две хигиенски влошки
Популарната британска водителка Кејт Лоер покажала колку е снаодлива кога од две хигиенски влошки обликувала маска за лице.
Кејт споделила видео во кое носи импровизирана маска за лице во воз откако заборавила да понесе заштитна маска.
„Заборавив маска за лице, но во ранецот пронајдов две хигиенски влошки. Не осудувајте. Или ова или омикрон", напишала во видеото кое го поставила на Инстаграм.
"Ако во јануари 2020-та година ми кажевте дека за две години ќе залепам две хигиенски влошки на лице за да направам импровизирана маска додека сум во воз, ќе мислев дека сте пијани", се пошегувала Лоер.
Исто така, Кејт ги предупредила своите фанови да го избришат или да го блокираат секој што ќе се обиде да го "политизира" нејзиното видео.
"Ви благодарам на сите кои натаму носите маски за да ги заштитите најзагрозените и постарите лице во нашето општество. Вие сте добри луѓе", заклучила водителката.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа