Градежниците бараат бенефициран стаж
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање при Сојузот на синдикати на Македонија покренува иницијатива за бенефициран стаж за работниците во градежништвото и индустријата за градежни материјали.
Според синдикатот, бенефит од иницијативата ќе имаат и работниците и работодавачите затоа што вработените достоинствено ќе заминуват во пензија, а работодавачите без никакви турбуленции и прогласување технолошки вишок, ќе им овозможат на работниците да заминат во пензија и да го обноват работниот кадар.
- Без разлика кој трошок на парични средства да биде утврден, важно е дека работниците достоинствено ќе си заминат во пензија и оти работодавачот нема да биде принуден да ги става на листата на технолошки вишок и ќе го поттикне вработувањето на млади кадри. Физички и психички истрошен работник во секторот градежништво и индустрија на градежни материјали не може да дочека 64 години стаж пензија, истакна на прес-конференција претседателот на синдикатот Павел Трендафилов.
Досега ниту за едно работно место во градежништвото освен за пробивање на тунели, нема утврдено бенефициран стаж.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа