Главниот празник е на денешен ден: Собор на св. Јован Крстител
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.
Денеска е Собор на св. Јован Крстител.
Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓање¬то на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т.е. главен празник е на денешен ден.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Себастијан.
Тој бил војник, но и заповедник на стражата на царот Диоклецијан, кој во првите години од своето владеење не ги прогонувал христијаните. Тоа придонело некои високи државни чиновници, да му се приклонат на христијанството. Во 298 година, под притисок на својот совладетел, Диоклецијан издал едикт според кој, христијаните морало да бидат исклучени од царската војска. Во 303 година, започнале најголемите и најкрвавите прогонства. Себастијан сметал дека, неговото христијанство е многу сериозно. Тој одел во затворите, ги тешел затворените христијани, а поради тоа обвинет од царот, бил осуден на смрт. Царските војници го врзале за едно дрво и го гаѓале со остри стрели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа