Сарачини во Сараево на состанок на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

 

Министерот за економија, Ваљон Сарачини, денеска ќе учествува на состанокот на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА во Сараево, Босна и Херцеговина, сокој ќе претседава министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ.

За време на состанокот ќе биде презентиран Извештајот на Секретаријатот на ЦЕФТА, работата на Поткомитетите на ЦЕФТА, а предвидено е министерот Сарачини да ги претстави приоритетите на Македонија за идната година, како иден претседавач со ЦЕФТА.

 

20.11.2013 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега