Пит (28) призна дека Ким Кардашијан (41) е негова девојка: Во собата има две свеќи од неа (ФОТО)

 

Во новото интервју за ТВ-емисијата на „Пипл“, Пит Дејвидсон не се срамеше да ги сподели своите чувства за неговата дама Ким Кардашијан, или „лејди лав“ како што пишуваат таблоидите.

28-годишната ѕвезда на Saturday Night Live првпат во јавност ја нарече 41-годишната Ким негова девојка.

„Кога излегувам надвор обично се дружам со моите пријатели, а кога сум дома се опуштам со мојата девојка. Така што не правам многу“, рече тој, со што официјално потврди дека е во врска со Кардашијан.

Камерите забележаа дека Пит во својата соба има две свеќи на Ким – нејзината свеќа Virgin Mary Kimoji (која се продава за 18 долари) – и втората со нејзиното лице исто така на неа (се продава за 22,49 долари).

 

08.02.2022 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега