Три симптоми кои се јавуваат кај главоболка предизвикана од Омикрон: Ако ги имате овие симптоми, најверојатно имате омикрон
Симптомите на Омикрон се слични со симптомите на обична настинка и главно се однесуваат ан течење на носот, болка во телото, во градите, замор и главоболка.
Според една британска студија главоболката е меѓу првите пет симптоми што се јавувааат кај заразените со омикрон. Главоболката кај луѓето се јавува секојдневно од различни причини, но онаа што ја предизвикува омикрон е специфичка. Ова се три специфиччности по кои оваа главоболка се разликува од другите.
Има умерен до силен интензитет
Интензитетот на главоболката зависи од нејзиниот предизвикувач. Може да биде благ ако е предизвикан од работен притисок и може да биде сериозно ако е предизвикан од мигрена.
Во случај на инфекција со омикрон, главоболката е генерално умерена до тешка. Се чувствува како пулсирање, притисок или убод, што е невообичаено во случај на општа главоболка. Покрај тоа, главоболката предизвикана од варијантата омикрон трае до три дена, дури и ако редовно земате лекови против болки.
Се појавува од двете страни
Ако некогаш сте обрнале внимание, понекогаш главата ве боли само на едната или на едниот дел. Областа на болка во главоболка зависи и од предизвикувачот.
Кога станува збор за инфекција со омикрон, болката може да се почувствува на двете страни на главата. Целата глава може да биде напната и болна.
Често е придружена со воспаление на синуси
Според експертите, главоболката во случајот на омикрон може да биде воспалителна реакција на телото додека се бори со вирусот. Како што вирусот се размножува во респираторниот тракт, тој влијае и на синусите, што доведува до воспаление.
Така, главоболката обично се јавува со воспаление на синуси. Ако страдате од инфекција на синусите, главоболката може да биде уште полоша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа