Само едно дневно го намалува холестеролот: Од помодарство до превенција од срцев и мозочен удар
Намирниците со висока содржина на масти не се првата опција која нѝ паѓа напамет кога размислуваме за здравјето на срцето и одржувањето на холестеролот под контрола.
Одредени намирници со висока содржина на масти се полни со холестерол, но не се сите лоши за кардиоваскуларниот систем. Всушност, постои овошје кое е изненадувачки корисно за луѓето кои се борат со високиот холестерол.
Станува збор за авокадото. Тоа е богато со масти, но оние кои се добри за нас – мононезаситени и полинезаситени и е незаменливо во здравата исхрана.
Само едно авокадо дневно може да помогне во регулирање на холестеролот
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија спровеле контролирана студија во која учествувале 45 возрасни учесници. На секој од нив клинички им била дијагностицирана прекумерна телесна тежина или дебелина, а сите направиле низа промени во исхраната.
Тие испробале 3 различни диети - исхрана со ниска содржина на масти, диета со умерена содржина на масти и исхрана со умерени маснотии која вклучувала и едно авокадо дневно.
Потоа истражувачите ги бележеле промените кои им се случувале на учесниците.
На крајот на студијата забележале дека оние кои следеле диета која вклучувала едно авокадо на ден имале значително намалено ниво на лошиот (ЛДЛ) холестерол. Покрај тоа, имале повисоко ниво на лутеин, антиоксидант кој игра важна улога во здравјето на очите.
Зошто авокадото има толкаво позитивно влијание?
Истражувачите заклучиле дека авокадото има низа биоактивни состојки, не само мононезаситени масти.
Ова не е прва студија која сугерира дека во авокадото постои нешто што влијае на ЛДЛ холестеролот. Претходни истражувања покажаа дека ова овошје може да го намали вкупниот холестерол, што доведува до подобра здравствена состојба на организмот во целина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа