Мијте се со пиво седум дена: Ова ќе бидат резултатите!

 

Експериментот на една жена ни откри една сосема нова и многу корисна примена на пивото!

И Клеопатра знаела дека млекото е добро за кожата. Меѓутоа, може да се каже дека употребата на млекото во негата е застарена, а сега на сила стапија нови бјути навики.

Па така, една жена наместо со млеко решила да го мие своето лице со пиво една недела.

Таа не е единствена, бидејќи овој тренд го прифатиле многу жени, а причината е повеќе од добра.

Жената уште првиот ден по миењето со пиво забележала промена. Имено, откако го измила лицето и го избришала со пешкир, забележала дека кожата ѝ е значително помека.

Вториот ден почувствувала благо пецкање на лицето. Тоа му ги припишала на дејствувањето на пивото на акните, кои ги имала на лицето пред овој експеримент.

Третиот ден промената била уште повидлива. Нејзиното лице значително се прочистило од акните со кои со години се борела. Тоа им го припишала на антибактериските својства на оваа напивка.

Четвртиот ден одлучила да додаде и лимонов сок, а оваа комбинација ја користела наредните три дена. Освен што ѝ се прочистиле порите и ѝ исчезнале митесерите, се осветлиле и темните флеки што ги имала на лицето.

Таа тврди дека кожата сега ѝ е помека, поздрава и поеластична, па затоа овој седумдневен експеримент го смета за многу успешен.

Испробајте, изгледа дека вреди!

17.02.2022 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега