Тажна вест: Прерано не напушти уште еден македонски лекар
Нова тажна вест, уште еден македонски доктор прерано го напушти овој свет.
Почина битолскиот лекар Михајло Насев (66), специјалист пневмофтизиолог во пензија, информира порталот „Апла.мк“.
Д-р Насев целиот свој работен век беше дел од тимот на лекари во Битолската клиничка болница.
Беше подеднакво почитуван и од колегите и од пациентите.
Пред пензионирањето беше раководител на одделението за Пневмофтизиологија.
23.02.2022 - 22:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа