Тажна вест: Почина познатиот академик и член на Советот на амбасадори
Советот на амбасасдори со големо жалење ја прими веста за заминувањето на нашиот колега и голем поддржувач, длабоко почитуваниот Луан Старова. Писател со завиден опус на романи, книги за дел од неговиот творечки во дипломатијата, есеи осврти на се она што значи живот во неговото семејно опкружување , остроумно и темелно согледување на Балканот. Замина несомнено голем хуманист и космоплит.
Од првите моменти кога го оснивавме Севетот на амбасадори со големо одушевување ја поздрави идејата и ја прифати поканата за членство, напоменувајќи дека не ќе може од повеќе причини да доаѓа на состаноци, но, нагласи, секогаш ќе бидам со вас. Учествуваше на неколку активности со француски параламнетарци и активисти од ЕУ. Се среќававме повремено на разни конференции во МАНУ. Бевме горди дека тој како академик , универзитетски професор поет, есеист,
преведувач, беше и наш колега како поранешен амбасадор .
Во 1985 година Луан Старова беше вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис и истовремено и прв амбасадор во Палестинската Држава.
Во 1994 беше именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Дел од неговите книги беа посветени токму и на овој дел од неговиот плоден придонес
во дипломатијата.
Големиот Луан Страрова само физички замина а неговите дела остануваат како сведоштво и паткоказ за младите генерации и идни дипломати.
СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ
ИЗВРШЕН ОДБОР
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа