„На мојот настап убија човек, гледав колеги како се дрогираат“: Марко Булат проговори за темната страна на естрадата
Пејачот Марко Булат ја започна својата кариера во 90-тите години.
Kако што самиот откри, во текот на својата пејачка кариера доживеал многу работи, од убави до ужасни, кои се случувале на неховите настапи.
Во негова непосредна близина често се користеле наркотици и недозволени материи, но тој тврди дека се спротивставил на тие пороци.
-Гледав кокаин, гости и некои колеги како шмркаат покрај мене, но тоа никогаш не ме интересираше. Знам дека овие луѓе ме гледаат како будала затоа што сум стрејт, затоа што сите мислат дека животот е Холивуд. Не ми се случило пејач да ми понуди дрога, но гостите од кафеаната ме повикаа заедно да “повлечеме“ црти. Тогаш им велам: „Фала, не треба, не се дрогирам“, вели Булат и додава дека во животот одолеал на речиси сите пороци.
„Никогаш не ме привлекувала дрога или нешто слично. Кога бев во основно училиште, моето друштво пушеше цигари. После се префрлија на трева, а потоа дуваа лепак, па беа на хероин… Не сакав да одам по тој пат бидејќи знаев каде води.
Пејачот се потсети и како изгледале настапите кога првпат почнал да работи.
-Еднаш дури убија човек на мојот настап. Станува збор за Бојан Бановиќ, член на екипата на Вождовац. Тоа беа луди времиња, воена состојба. Се плашев од криминалци, но никогаш не им го покажав тоа. Пејачите кои работат за криминалци имаат повеќе тезги од мене, но немаат пари. Му пеам на кого сакам и можам да ја завршам кариерата кога сакам. Господар на мојот живот е само Господ, вели пејачот кој синоќа ја промовираше новата песна „Америка“ која ја посвети на оние кои повеќе ги нема:
– Еден стих гласи: „Старите пријатели ги нема, младоста е прекратка, Господ ги зеде“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа