Мајами Хит ја врати предноста на домашниот терен со триумф во Бостон
Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 109:103 во третиот натпревар од финалето на Источната конференција. Избраниците на Ерика Сполстра ја вратија предноста на домашниот терен и сега повторно се во подобра позиција пред продолжението на финалната серија.
Одличен натпревар беше одигран во „ТД Гарден“, во кој домаќинот за малку ќе ја надополнеше негативата од 26 поени. Гостите од Флорида фуриозно го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 39:18, а во вториот дел стигнаа до максимални +26 (46:20).
Тренерот на Мајами беше загрижен кога Џими Батлер мораше да го заврши натпреварот по само 19 минути игра поради повреда на коленото, но подоцна се покажа дека не се работи за сериозна повреда и дека тој веројатно нема да пропушти ниту еден натпревар од источното финале.
Мајами Хит во продолжението од мечот играше без Батлер, а Бостон Селтикс за малку ќе го искористеа тоа за да направат целосен пресврт. До полувремето успеаја да стигнат до пристојно негатива (-15), а потоа имаше и вистинска драма.
Одличниот Џејлен Браун го донесе тимот на само поен од израмнување (92:93). Сепак, Мајами го одби налетот, повторно стигна до водство од 100:93, а Бостон немаше сили за нов кам-бек.
Најефикасен во победничкиот тим беше Бем Адебајо со 31 поен, 10 скока, шест асистенции и четири украдени топки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа