Ќе се осветлат 6.000 метри од автопатот „Александар Македонски“

Ќе засвети делницата од автопатот „Александар Македонски“, од клучката Гевгелија до граничниот премин  Богородица. Како што јавува Јавното претпријатие за државни патишта, осветлувањето ќе биде пуштено денеска во 16 часот и 30 минути. Должина на трасата која е осветлена изнесува 6.000 метри, од кои 3.500 метри на автопатот и 2.500 метри на краците од клучката.

Инаку, се работи за систем за осветлување за намалување на потрошувачката на електрична енергија . Системот за димирање се вклучува во 00:00 часот, кога фреквенцијата на сообраќајот е намалена, а се исклучува со исклучување на сите светилки.

Визуелниот ефект од намалувањето на осветленоста е неприметен за голо око, и ваквото намалување на степенот на осветленост нема да влијае на безбедноста на сообраќајот, особено што димирањето се врши во периоди со намален сообраќај.

Вкупна вредност на извршените работи изнесува 18,5 милиони денари.

26.11.2013 - 13:14
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега