Ќе се подноват пожарникарите во Скопје

 

Градот Скопје објави јавен повик за набавка на 250 работни униформи и 100 интервентни униформи за скопските пожарникари, како и набавка на противпожарна опрема, соопштија од Град Скопје. 

– Во рамките на новите 350 униформи, скопските пожарникари ќе добијат нови комплети опрема и за зимски и за летни услови вклучително нови интервенциски одела, интервенциски ракавици, интервенциски шлемови со заштитни очила, интервенциски чизми, чизми за шумски пожари и технички интеревенции и друга опрема неопходна за ефикасно реализирање на работните задачи, се вели во соопштението на Град Скопје.

Информираат дека во делот на набавката на противпожарната опрема опфатено е набавка на одводни противпо жарни црева, млазници и универзално пенило за гасење пожар.

09.06.2022 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега