Град Скопје: Поднесени 220 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертер клима уреди
Откако Град Скопје утрово го објави јавниот повик за субвенции на инвертери, поднесени се 220 онлајн апликации. Од Град Скопје велат дека ваквиот одзив покажува голем интерес на граѓаните за добивање средства за надоместок на дел од трошоците.
– Според процените за исплата во максималниот износ остануваат финансиски средства за уште околу 120 барања. Доколку се исполни бројката од околу 340 барање, онлајн аплицирањето автоматски ќе биде прекинато за да се разгледаат барањата и согласно тоа да се направи процена на финансиските средства, се вели во соопштението.
Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.
Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2022 година, до завршувањето на повикот на 1 ноември 2022 година, или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните, како што посочија од Град Скопје ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа