Бектеши: Арсовска нема капацитет да го реши парното во Скопје

 

Министерот за економија Крешник Бектеши обвинува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска нема капацитет да го реши парното и да се справи со енергетската криза.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека пред точно шест месеци кога имаше голема криза поради цената на гасот таа велела оти градот има решение како да го реши проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија.

-Додека Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија и за тоа најмала штета да имаат граѓаните, Градот Скопје и градоначалникчката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа и кажаа дека тие имаат “решение”како да го решат проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија. Успеавме да ја изменаџираме кризата за краток рок, и тоа успешно. Не само што немаше прекин на испораката на парно греење за Скопјани, туку немаше ни зголемување на цената, односно на сметките за парно за граѓаните. Но, што се случува сега. Во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парното греење во Градот, а имаме време до средината на октомври кога почнува новата грејна сезона да најдеме решение градоначалничката на Град Скопје Арсовска заеедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, кои пред шест месеци први излегоа со “решение”за парното греење, сега бегаат од одговорноста која како локална власт ја имаат со закон. Згора на тоа и признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту воља да се справат со оваа ситуација, напиша Бектеши.

Напиша дека и покрај, како што вели, неспособноста на Арсовска скопјани ќе добијат непречено и навремено парно греење.

 

 

16.06.2022 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега