Детоксикација на лице за само пет минути - потребни Ви се овие природни состојки за неверојатни резултати
Маска за извлекување на токсини
Оваа маска лесно се прави, а доколку ви се случи да ви остане, можете да ја чувате во затворен сад.
– Глината има моќ да ја прочистува и детоксицира кожата. Зелената глина е најдобриот избор за апсорпција на токсините и нечистотиите од кожата. Се бори против акните, го регулира лачењето на себум, ја матира кожата и и помага на кожата побрзо да зарасне раните. Добар е и за косата, поточно е природен лек против првут. Од оваа количина ќе имате маска за 5-8 употреби, а ви треба:
2 полни лажици зелена глина
2 ½ лажици маслиново масло
3 капки есенцијално масло од чајно дрво
1 капка есенцијално масло од лаванда
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги со лажица. Нанесете ја маската рамномерно на чисто лице, во тенок слој. Измијте се по 20 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа