Град Скопје: Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци
Во четврток ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци, а во сабота ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Додека, на 18 јули 2022 година ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје.
Според информациите од Град Скопје, дезинсекцијата ќе се врши во повеќе наврати.
– Авионската и терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 14.07.2022 (четврток), во раните утрински часови (авионски) и во текот на денот (терестрично). Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 16.07.2022 (сабота) и 17.07.2022 (недела), во раните утрински часови. Додека, терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 18.07.2022 (понеделник) до 21.07.2022 (четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден, стои во соопштението.
Оттаму наведуваат дека доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а се известуваат и пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
12.07.2022 - 14:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа