ФОТО: Учесник во „Задруга“ доживеа тешка сообраќајка во Македонија, излетал од пат во провалија
Поранешниот учесник во реалното шоу „Задруга“, Раде Лазиќ вчера доживеал тешка сообраќајна несреќа во Македонија. Како што пишува Пинк.рс Лазиќ во возилото бил со пријател.
Несреќата се случила во близина на Велес, автомобилот со кој управувал пријателот на Раде излетал од патот во провалија од 80 метри.
-Само Бог ме чуваше, и гледав на смртта во очи. Во моментот не бев врзан со појас и благодарение на водушното перниче не се случи фатален исход. Тоа ме спаси, не сакам да мислам што би се случило ако не се отвореа. Поминав со скршени ребра, имав среќа во несреќа, изјавил тој за Пинк.рс. Како што пишува порталот, Лазиќ и во 2020 година имал тешка сообраќајка кога заспал зад воланот и излетал од пат во Братислава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа