Сарачини: Со енергетска ефикасност Македонија ќе штеди 13 милиони евра годишно

 

Тринаесет милиони евра државата ќе штеди годишно доколку во јавните институции се имплементираат мерки за енергетска ефикасност. Ова денеска го истакна на днеешната работилница министерот за економија, Ваљон Сарачини.

На работилницата „Преку енергетска ефикасност до развој на економијата“ во Маврово, министерот потенцираше дека се работи за  инвестција проценета на 96 милиони евра кои треба да се обезбедат од буџетот, преку грантови и евтини кредити.Веќе се водат преговори и дека се обезбедени 10 проценти од потребните средства.

-Во услови на општ раст на цените на електричната енергија, енергетската ефикасност не може да биде оставена на случајност. Таа директно влијае на конкуреноста и иновативноста на економијата и оттука наша цел и понатаму ќе остане нејзината примена и промовирањето на конкретни решенија и техники, како и создавање услови кои ќе бидат што подостапни за компаниите, рече минситерот за економија.

Исто така и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст истакна дека искуствата на оваа компанија покажуваат дека компаниите кои се енергетски ефикасни им се намалува потрошувачката на електрична енергија: - Побарувачката на енергија е во пораст и енергетската ефиакасност е важна бидејќи тоа е начин како да се минимизираат ефектите на овој глобален тренд, а исто така да се намали зависноста од увозот на енергија. Целта на нашата соработка со Министерството беше да се подигне свеста на нашите корисници, особено компаниите. Нашите искуства покажуваат дека со оптимизација на процесите и користење на новите технологии може да се има огромно влијание на потрошувачката и трошоците за енергија, истакна Хенгст.

29.11.2013 - 16:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега