Се огласи дедото на децата убиени во Цетиње: „На сите им пукаше во глава, барем едно да оставеше живо“

 

После масакрот што се случи во Цетиње пред неколку денови, а поради кој се уште цел Балкан е во шок, за српските медиуми зборувал дедото на момчињата кои беа убиени.

„Не ми ги уби само внуците и снаата, туку сите нас“, низ солзи раскажува Перо Мартиновиќ, дедото на Марко (8) и Машан (11), убиени на Цетиње од Вук Бориловиќ (34) при крвавиот поход минатиот петок. „На моите внуци им пукал во главите со карабин. На сите им пукаше во глава. Барем да ни оставеше едно дете“, изјавил дедото за Курир по погребот на внуците и снаата Наташа (35).

„Со него како станари живееја син ми Милош, снаата Наташа и внуците. Бориловиќите ми се роднини. Немало кавга меѓу нив, како што велат. Сѐ е лага. Па немало горчливи зборови. Сѐ беше нормално. Беа добри со нашите деца, немаше навестување за ова зло“, вели тој.

Перо Мартиновиќ тврди дека убиецот неколку дена пред масакрот ја однел сопругата Л.Б. (35) и децата во Тиват. "Знам дека во последно време се однесуваше чудно. Претепал колега, му го оштетил автомобилот и пукал во неговата куќа. Властите не успеале да го стават во затвор", истакнува неутешниот дедо.

Петар вели дека Бориловиќ по масакрот прво му се јавил на син му Милош и му кажал дека му го убил семејството. После тоа ѝ се јавил на сопругата на Милан Митровиќ да ѝ каже дека го убил нејзиниот сопруг“, тврди Мартиновиќ.

На прашањето дали некого обвинува за смртта на своите најблиски, тој одговара дека нема кој да биде виновен. „Нема никој да се обвинува кога е мртов. Не ја обвинуваме мајката. Да беше жив, тогаш ќе беше поинаку. За информациите дека Вук Бориловиќ бил тајно погребан надвор од Цетиње, Мартиновиќ вели дека не можел да биде погребан ниту на едно од гробиштата каде почиваат неговите жртви.

Мајката на Вук Бориловиќ, Светлана, од петокот, како што вели, е во шок. „Не можам да разберам дека мојот син го направил тоа. Тој не се караше со своите роднини и соседи. Но имаше проблеми на работа. Мојот син не беше ментално болен и не требаше да оди на психијатар. “ изјавила Светлана Бориловиќ.

16.08.2022 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега