ЕКСКЛУЗИВНО: Познат навивачот кој фрли столче кон ракометарите на Металург
Полицијата го идентификуваше навивачот кој фрли столче кон противничкиот тим за време на натпреварот меѓу екипите на Вардар и Металург во рамки на Лигата на шампионите, дознава Пресс24 од полициски извори.
Се работи за 21 годишниот Дарко П. кој ќе одговара кривично за делото „насилство“.
Инцидентот во спортстката сала Борис Трајковски се случи на 25 ноември додека двата ракометни тима си ги пресметуваа силите на теренот.
Според пишувањата на медиумите мета на напаѓачот бил ракометарот на Металург Ренато Вугринец.
01.12.2013 - 09:21
Фото:
Нова Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа