Последна одлука на Христовски пред да ѝ даде оставка на Арсовска: Покачување на платите на сите вработени
Последна одлука на Христовски пред да ѝ даде оставка на Арсовска: Покачување на платите на сите вработени
Директорот на Јавното претпријатие Градски Паркинг, Бојан Христовски кој денеска ѝ даде оставка на градоначалничката Данела Арсовска им ги покачи платите на 280 вработени. Ова е негова последна одлука пред да ја напушти функцијата.
Станува збор за линеарно зголемување на платите во износ од 2.992 денари, а одлуката станува во сила од 1 октомври.
-Оваа одлка е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица.Од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот. На овој начин вработените ќе можат полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани, се вели во соопштението од ЈП Градски паркинг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа