Понеделник неработен ден - ова се сите неработни денови до крајот на годината
Наредниот понеделник 9 декември е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Како што денеска соопшти Министерството за труд и социјала, 8 Декември „Св. Климент Охридски” е неработен, а бидејќи е во недела, празнувањето се поместува за понеделник - 9 декември.
Инаку, до крајот на годината неработни денови ќе бидат 25 Декември (среда), првиот ден на Божик за граѓаните од католичка вероисповест, 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик .
02.12.2013 - 15:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа