МЗТ се засилува со плејмејкер од НБА?

 

По смената на тренерското место, тимот на МЗТ Скопје најави и промени во играчкиот кадар, а веќе како свежа крв во тимот се најавува играч на плејмејкер од НБА лигата, Лутер Хед, пренесува Екипа

Хед во 2005 година беше 24 пик на драфтот во НБА, и досега има настапено за екипите на Хјустон, Мајами, Индијана и Сакраменто. Неодамна настапи и во Шпанија во дресот на Валјадолид, а сега постои голема веројатност да го облече дресот на „Штрковите“. 

Во НБА-лигата тој има одиграно вкупно 348 натпревари, во кои има просек од 8,2 поени на меч.

03.12.2013 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега