Јанчевски: Каматите на кредитите нема да растат ни наредната година

 

Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски  денеска изјави дека очекува и во текот на наредната година да продолжи трендот на пад на каматите на кредитите.

- Македонија има стабилна макроекономска состојба и ниска инфлација, а банките се полни со пари. Нема логика во услови кога нема пласман за тие пари каматните стапки да растат, изјави Јанчевски по прославата по повод добиената награда „Банка на годината во Македонија за 2013 година“.

Тој нагласи дека трендот на нефункционалните кредити се движи на нивото на претходниот месец. Тоа не е некоја алармантна бројка за да предизвика грижа кај банките. Процентот на нефункционални кредити е повисок кај фирмите, додека населението е поуредно во враќањето на своите обврски.

- Успехот не е случајност, туку значи долга и макотрпна работа, визија и стратегија, посветеност и ентузијазам на вработените, поддршка од нашите акционери и пред се лојалност на клиентите, истакна Јанчевски.

03.12.2013 - 14:17
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега