Студентите утре со марш низ Скопје ќе ги бараат своите права

 

УСС на УКИМ објави дека студентите имаат заедничка борба и само сплотени можат да ги заштитат своите права и да ги исполнат нивните барања за издвојување на средства од буџетот за подобри услови.

Маршот ќе почне во 17.30 часот пред Владата, а ќе заврши кај Министерството за образование и наука (МОН).

Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања. Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието, меѓу кои средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот. Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард“, се наведува во објавата на УСС на УКИМ.

16.11.2022 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега