Аргентина е првиот финалист на Мундијалот во Катар

 

Аргентина е првиот финалист на Светското фудбалско првенство во Катар, откако вечерва во полуфиналето ја совлада Хрватска во Лусаил со 3-0 (2-0) и во борба за титулата на истиот стадион в недела ќе го чека победникот од вториот полуфинален дуел меѓу актуелниот првак Франција и Мароко.

Хрватска го контролираше натпреварот во воведните 30-ина минути, но Аргентинците поведоа во 34. минута преку Лионел Меси од пенал, откако во шеснаесетникот беше фаулиран Хулијан Алварез, а истиот играч само пет минути подоцна со соло акција го зголеми водството на 2-0.

Во продолжението Алварез во 69. минута со својот втор гол на натпреварот на асистенција на Меси стави печат на победата на Аргентина, која последен пат беше светски првак во 1986 година.

Противник на аргентинската репрезентација во финалето ќе биде победникот од утрешниот дуел меѓу бранителот на титулата Франција и најпријатното изненадување на Мундијалот, Мароко.

Финалето е на програмата на 18 декември од 20 часот во Лусаил.

13.12.2022 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега