Стефковски: Има 8 дојави за бомби во училишта во Општина Гази Баба - се евакуираат учениците
Во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба информира за дојави за поставени бомби во општински основни училишта.
Во објавата градоначалникот Стефковски пишува:
Утрово директорите на основните училишта ме информираа дека во училиштата „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“ има пристигнато дојави за поставени бомби.
Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаеви.
До сега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар.
Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се превземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации.
Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња, напиша Стефковски.
16.12.2022 - 11:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа