Договори за неопределено време за скоро 40 лица во ЈП Паркови и зеленило

 

Ве информираме дека денес, директорот на ЈП Паркови и зеленило, Зухејр Реџепи со задоволство додели Решенија за вработување на неопределено време на вкупно 38 лица, информираат надлежните служби на ЈП Паркови и зеленило во соопштение испратено до медиумите.

„Именуваните кои долги години привремено работеле во претпријатието, докажале дека се одговорни работници, каде што на заложба на директорот и новото раководство и безрезервната поддршка на Градот Скопје конечно е решен нивниот статус.

Со оваа одлука убедени сме дека овој тим на вредни работници ќе даде максимален придонес во одржувањето на зелените површини во главниот град, како што доликува на еден модерен град“, стои во сопштението на надлежните испратено до медиумите.

05.01.2023 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега