Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска со нов историски успех

 

Јана Атанасовска има само 16 години, а оваа година настапува во сениорска конкуренција. Пред две недели во слаломска трка во Рогла, Словенија, Јана го постигна најголемиот успех во историјата на македонското скијање.

Во двете трки таа имаше вкупно време од 1:34.50 и го освои 17-тото место. Резултат со којшто освои 75,95 ФИС точки.

Колку за информација, во скијањето помалку ФИС точки значат подобар резултат. Вчера нов настап и нов историски успех. Јана Атанасовска настапи во слаломската трка на патеката Сепада во Италија и во конкуренција на 85 натпреварувачки го освои 10-тото место, со вкупно време од 1:28.77.

Со овој резултат таа го надмина претходниот рекорд од пред две недели и постигна нов рекорден резултат од 71,84 ФИС точки.

Јана Атанасовска најави успешна кариера уште пред три години, кога во скијачкиот центар Рички во Чешката Република, во трка во категорија до 14 години го освои првото место и златниот медал во конкуренција на натпреварувачки од цела Европа. Нема сомнение дека на Јана ѝ претстои блескава кариера и дека наскоро ќе ја гледаме и на најсилните натпревари за Светски куп.

11.02.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега