Црна Гора има најмладо население во регионот, а Грција најстаро
Најмлада популација во регионот има Албанија со просечна возраст од 38 години и Црна Гора со 39,4 години.
Според податоците на Евростат, во регионот најстари се граѓаните во Грција и Хрватска, со 46,1 односно 45,4 години во просек.
Во Бугарија просечната возраст е 45,1 година, во Србија 44,1 година и во Северна Македонија 41,1 година.
Просечната возраст на населението во ЕУ минатата година беше 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012 година, соопшти Евростат.
Кипар има најмладо население во ЕУ со просек од 38 години, додека Португалија (46,8) и Италија (48) имаат најстаро.
Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголеми во сите земји-членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се намали од 40,8 на 40,7 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа