Ковачевски изрази сочувство за трагедијата во Грција

 

 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски изрази сочувство до својот грчки колега Киријакос Мицотакис за железничката несреќа, во која животот го загубија најмалку 36 лица, а над 80 се повредени.

„Сакам да изразам сочувство до премиерот Мицотакис, до грчкиот народ, до семејствата на загинатите за трагичната несреќа што се случи вчера во Грција и да им посакам брзо заздравување на преживеаните во овој трагичен настан“, рече Ковачевски на почетокот на своето обраќање на вториот Економски форум во Скопје.

Во Грција, по кобната несреќа, прогласена е тридневна жалост, а голем број функционери од Европа и светот испратија пораки со сочувство за трагедијата.

01.03.2023 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега