Бесплатна градинка за децата од социјално загрозени семејства во Аеродром
Општина Аеродром се грижи за најмлади и ги поддржува социјално загрозените семејства. Во таа насока продолжуваме со различни економски и финансиски мерки да ги поддржуваме семејствата кои се најпогодени од финансиската криза, истакнуваат од оваа општина.
На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, беше донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром, појаснуваат од таму.
Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна, како што додаваат, ги повика граѓаните да стапат во контакт со надлежните во градинката или општинските служби, во насока на доставување на потребната документација и остварување на ова право и потенцираш дека Оваа мерка, оценуваат, е уште една во низата политики за помош на семејствата.
„Минатата година, беа укинати сите дополнителни трошоци кои родителите ги одвојуваа за хигиенскиот пакет, како и наставно-образовните материјали за работа по групи во градинките. Продолжуваме со креирање на мерки и носење одлуки кои ќе го поддржат развојот на најмладите, но ќе значат и поддршка на семејствата кои се соочуваат со економски и социјални проблеми.“, нагласи тој во фејсбук објавата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа