Екипи на „Комунална“ поделија цвеќиња на илјада жени за 8 Март

 

 

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената-8 Март подарувајќи им по еден цвет на илјада жени од сите населби во градот Скопје.

Меѓународниот ден на жената го одбележа и в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, којашто имаше средба со трите припаднички на понежниот пол што се ангажирани во Оперативата на Претпријатието – Мирјана Трајковска, Мерсиде Етем и Славица Змејковска.

„Денешниот ден го поминав во друштво на единствените жени-вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје коишто се задолжени за одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини во градот Скопје. Сметам дека токму храброста да ја одберат и достоинствено да ја извршуваат оваа професија ги прави посебни и дека заслужуваат огромна почит од страна на сите жители на нашиот град“ изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

 
08.03.2023 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега