Од понеделник „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром
Од утре, понеделник, заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром. Тимот заловувачи во текот на целата следна недела (13-17. март) ќе заловува во реоните Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, во општина Аеродром.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од ЈП „Лајка“.
Оттаму информираат дека доколку граѓаните од споменатите населби сакаат да посочат на тимовите некое бездомно куче, да се јават на 02 256 5859 или 071 219 925 или можат да пријават на [email protected].
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа