Том Круз го прослави роденденот на сер Мајкл Кејн откога ги прескокна „Оскарите“
Том Круз му се придружи на сер Мајкл Кејн за да го прослави неговиот 90. роденден заедно со Дејвид Валијамс и Дениз Велч во вторникот вечерта.
Комичарот Вилијамс се огласи на „Инстаграм“ за да сподели фотографии со актерската легенда Кејн од неговата роденденска прослава.
На друштвото му се придружи и холивудската ѕвезда Круз, кој позира заедно со ветеранот за да го овековечи моментот со фотографија.
Актерката од Loose Women, Дениз Велч, исто така се приклучи на малата група пријатели на Кејн, кои сите се собраа заедно да го прослават неговиот голем ден со раскошна вечера.
Таа се огласи на сопствената страница на „Инстаграм“ за да сподели насмеано селфи од себе заедно со ѕвездата бидејќи се чини дека е на истиот настан.
Оваа дружба доаѓа само неколку дена откако Круз одлучи да ја прескокне церемонијата за доделување „Оскари“ и покрај тоа што неговиот голем хит „Топ-ган: Маверик“ беше номиниран во шест категории, вклучувајќи ја и престижната за најдобар филм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа