Барате работа: Џонсон Мети нуди вработување во фабриката во Скопје

 

Џонсон Мети има потреба од Офицер за човечки ресурси (Human Resources Officer) кој ќе му се придружи на тимот за човечки ресурси во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Успешниот кандидат ќе биде одговорен за:

 Обезбедување на работни дозволи и дозволи за престој за странци (нови/продолжување);

 Голема инволвираност во процесот на вработување и селекција;

 Давање на поддршка на менаџерите во сите процеси на дисциплински постапки, поплаки и други прашања од правна страна;

Поддршка во имплементацијата на бројни проекти од областа на човечките ресурси и сл.

 

Кандидатот е пожелно да поседува:

 Универзитетска диплома – по можност Право;

 Идеално 2-3 години работно искуство во областите на Човечки ресурси, по можност во индустриска средина;

 Солидно познавање на македонскиот закон за работни односи;

 Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;

 Флексибилен и проактивен пристап, со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина;

 Способност за работа под притисок со кратки временски рокови;

 Способност за внимание кон детали и брзо учење;

 Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Word, PowerPoint);

 Течно зборување и пишување македонски и англиски јазик;

Работно време: понеделник-петок 08.30-17.00ч.

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: [email protected]

 

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го рефернтиот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

 

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.
Краен рок за доставување апликации: 15/12/2013

09.12.2013 - 23:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега