Ќерката на Џеј си ја отвори душата: Сопругот ме претепа!

 

Ќерката на познатиот пејач Џеј Рамадановски, си ја отвори душата за српскиот Курир, и раскажа низ каков хорор поминала со својот сопруг кој ја претепа само два месеца по породувањето.

Ана Рамадановска минатите два дена ги поминала во полициска станица и болница, откако познатиот пејач Адил, ја претепал по кратка расправија.

- Ме фати за коса и силно ме удираше. Потоа ме шутираше на подот откако паднав. Не сакам ни лекари ни ништо, само сакам да си го земам своето дете, вели Ана.

Инаку, Адил вчера негираше дека ја претепал саканата и истакна дека се во животот постигнал сам, дека кариерата ја правел само на гласот, никогаш не бил дел од скандал и ќе го тужи весникот кој ја објавил приказната дека тој наводно си ја претепал сопругата. Во полицијата е утврдено дека пејачот поседува пиштол со дозвола.

- Сега сум добро иако ме тепаше, влечеше за коса и удираше по стомакот. Не сакам да се вратам кај него, готово е со нашиот брак, вели ќерката на Џеј за српскиот Курир.

10.12.2013 - 10:18
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега