ЛШ: Борба за три места во 1/8 финалето
Вечерва ќе се дознаат и последните патници во осминафилето во ЛШ од групите А,Б,Ц, и Д. Останаа уште три слободни места, за пат во елиминациската фаза.
Од овој дел на групите место во понатамошната фаза веќе остварија Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
Во А групата за второто слободно место конкурираат Шахтјор и Баер Леверкузен. Во групата Б најблиску до втората позиција е Јувентус, на Галатасарај му е потребна победа против „Старата Дама“, а Копенхаген е само со теоретски шанси. Од групата Ц патникот вториот патник во осминафиналето ќе се бара меѓу Олимпијакос и Андерлехт.
Двојки за 6.коло и табели:
А група: Манчестер Јунајтед - Шахтјор, Сосиедад - Баер Леверкузен.
Табела: Манчестер Јунајтед 11 бодови, Шахтјор 8, Баер Леверкузен 7, Сосиедад 1.
Б група: Копенхаген - Реал Мадрид, Галатасарај - Јувентус.
Табела: Реал Мадрид 13, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4.
Ц група: Бенфика - ПСЖ, Олимпијакос - Андерлехт.
Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1.
Д група: Баерн Минхен - Манчестер Сити, Викторија Плзењ - ЦСКА Москва.
Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Манчетсер Сити 12, ЦСКА Москва 3, Викторија Плзењ 0.
Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа