Министерот Спасовски за Top-news.mk: Нулта толеранција за секаков вид криминал, без разлика кој е сторителот

 

Одговорно тврдам дека ова раководство на Министерството за внатрешни работи, откако сум јас на чело на истото, има нулта толеранција за секаков вид криминал, без разлика кој е сторителот, рече министерот Оливер Спасовски во интервјуто за Top-news.mk, одговарајќи на прашањето дали полицијата прави селекција на криминалците по национална основа.

 

-И вашето прашање исправно е формулирано - во минато време, кога бевме сведоци на селективност во борбата против криминалот на роднинска, партиска, национална, верска или друга основа... Меѓутоа, пак ќе повторам, тоа време е завршено! За нас важи правилото - кој сака и од каде сака нека биде, ако згрешил пред законот и пред правдата, тој ќе одговара. Нема настан за кој полицијата не постапувала и не поднела соодветна пријава. Дека не постојат „заштитени зони“ покажавме и со редовните контроли по населените урбани или рурални места, каде МВР постапува врз основа на изготвени анализи и планови- потенцира министерот Спасовски.

 

22.04.2023 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега