Владика Јован за „Плусинфо“: Се молиме за решение прифатливо за сите, не ни знаев дека денеска МПЦ-ОА ќе расправа за интеграцијата на ПОА

 

Навистина не знам за што точно било разговарано и што точно било договорено на денешната седница на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) во однос на интеграцијата на Православната охридска архиепископија (ПОА), па нам не ни останува ништо друго освен да го почекаме мајскиот Собор на Српската православна црква (СПЦ) и таму да ја чуеме конечната одлука, изјавил за Плусинфо“, поглаварот на ПОА, г.г. Јован. Тој признла дека бил затечен од одлуката на МПЦ-ОА на синодска седница денеска да расправа за интеграцијата на ПОА и за распределбата на епархии за владиците од ПОА, пренесува порталот.

– Јас не знам ништо подетално од тоа што го разбрав од вас новинарите. Немаме директна комуникација со МПЦ-ОА и воопшто не знаевме дека Синодот на МПЦ-ОА ќе заседава за ова прашање. Не дознавме ништо по официјален пат. Седницата се одржа, но јас навистина не знам што се разговарало и какви одлуки се донесени. Разбрав дека конечната одлука ќе ја чуеме на Соборот на СПЦ и се надеваме дека крајното решение, со божја помош, ќе биде прифатливо за сите нас. Да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите, изјавил архиепископот Јован за Плусинфо.

Претходно и портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Тимотеј, рече дека целосната интеграција очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или на 15 мај.

25.04.2023 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега