Серија апсења во Скопје - Полицијата апсеше на различни локации

 

Полицијата апсеше на повеќе локации во Скопје. На 04.03.2025 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. 

Исто така во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Во 14.45 часот во СВР Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Велес, кој бил баран по распишана централна потерница. Притоа, кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 04.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 04.03.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ч.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Исто така во 14.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, за влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(32) од с.Боговиње, тетовско, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека од Основен кривичен суд Скопје му била определена мерка притвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. 

На 04.03.2025 во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(45) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана лична карта. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка. 

05.03.2025 - 11:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега