Груби: Апсолутно поддржувам укинување на недела неработен ден
Подготвени сме да направиме промени во законското решение, но тоа треба да биде консензуално од сите членови на Владата, потврдено од страна на Собранието, изјави денеска првиот вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби на брифинг со новинарите.
Груби вели дека поддржува законски измени во однос на укинување на недела неработен ден и смета дека со ова законско решение, како што изјави денеска, ни затајуваат процеси во државата.
– Апсолутно поддржувам, бидејќи гледам дека со одлуката, со законското решение, ни затајуваат процеси во државата. Подготвени сме да направиме промени во законското решение, но тоа треба да биде консензуално од сите членови на Владата, потврдено од страна на Собранието, одговори Груби на прашање од претставници на Стопанската комора на Македонија на денешниот состанок во врска со проектот со „Бехтел и Енка“.
Груби вели дека ниту министрите, а и не сите пратеници го делеле ова мислење, па кажа дека ќе се ангажира да се спроведат овие законски измени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа