Богов: Да направиме се македонската економија да ја задржи стабилноста

 

Гувернерот на Народната банка на Димитар Богов одговарајќи на новинарски прашања пред предавањето на тема „Монетарната политика по глобалната криза и користењето на неконвенционалните мерки:Светот и РМ“ во Американ колеџ истакна дека треба да се направи се за македонската економија да ја задржи стабилноста, да ги задржи добрите перформанси во иднина, со цел да остане како цврст столб на сите останати политики во Македонија, а  со тоа се гарантира и пошироко стабилноста на земјата.

Потенцира дека на она што треба да се внимава е да не се наруши рамнотежата во македонската економијата бидејќи, како што рече, во наредната година се очекува закрепнување на растот на приватниот сектор. - Ако досега тој беше поттикнуван од странските директни инвестиции и јавните инвестиции, сега од приватниот сектор, со тоа ќе се зголемува и домашната побарувачка и во такви услови треба да се внимава да не се наруши рамнотежата во македонската економија, истакна Богов.

Богов посочи дека  треба да бидеме внимателни и да се извлече поука од примерот на земјите во регинот кои западнаа во одредени тешкотии, иако сега според Светската Банка сме најдобри во регионот, додека за задолжувањето на државата посочи дека темпото кај сите земји беше забрзано, а кај западните тоа беше многу побрзо, и неопходно до оној период додека беше потребно и се поттикнуваше економијата.

- Но, додава, веќе тој период одминува со закрепнување на приватниот сектор и мора да дојде до намалување на фискалниот стимул. 

 

11.12.2013 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега